Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови.
- Предмет на иницијатива, која во писмена или електронска форма се доставува до општина Куманово, може да биде донесување нов урбанистички план или измена и дополнување на постоечкиот урбанистички план. При тоа мора да се даде и образложение за барана измена и предлог на плански опфат од подносителот на иницијативата, - информираaт од Секторот за урбанизам.
Прифатените иницијативи ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Куманово за 2017 година.
Иницијативи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање можат да поднесат правни и физички лица.
Средствата за прифатените иницијативи за изработка на потребната документација ги обезбедуваат подносителите на иницијативите. Вакви објави согласно позитивната законска регулатива се објавуваат два пати годишно.
Повикот ќе трае до први април годинава, а следниот повик ќе биде објавен во септември годинава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk