Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невработените лица до 29 месецов можат да аплицираат во Агенцијата за вработување, за добивање на неповратна помош од 3200 евра за набавка на опрема и материјали за работа.
Програмата ја реализира Владата во соработка со УНДП години наназад.
„Можат да се пријават сите активни баратели на работа. За повеќе информации можат да дојдат во Центарот за вработување во Куманово. Ќе се изврши селекција, ќе има пет дневна обука и ќе се знае потоа кој ќе добие грант“-вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Оваа програма во земјава се реализира десетина години и досега преку неа се отворени над 7000 фирми.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk