Повик за учество на “Скулптури на новото време 2015“

23.05.2015 09:08 | KumanovoNews

Од Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ги повикуваат академските скулптори, да се пријават за учество на изложбата “Скулптури на новото време 2015“.

Повик за учество на “Скулптури на новото време 2015“

Изложбата ќе се отвори во Куманово во текот на месец јули годинава.

“За учество потребно е да пријавите 1 неизлагано дело по ваш избор (со димензии не поголеми од 60х60х60 cm), изработено од цврст материјал, погоден за транспорт по можност од најновиот период исто неизлагано“- велат од Центарот за култура.

Во текот на месецот септември делата ќе бидат вратени на авторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk