Повик за учество во „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“

10.07.2024 14:11 | KumanovoNews

Националната фото унијa во соработка со Фото клуб „Куманово“ ги повикува граѓаните да учествуваат на изложба на фотографии, кои го отсликуваат Куманово и кумановскиот регион. 

Повик за учество во „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“

„Проектот кој двете здруженија имаат желба да го реализираат е наречен „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“. Целта на проектот е да се отслика и долови суштината и убавината на нашиот сакан град, Куманово. Без разлика дали сте искусен фотограф, аматер или едноставно сте луѓе кои го сакаат неизмерно својот град, ве потикнуваме да ни се придружите во прикажувањето на она што го прави Куманово уникатно“, велат во соопштението организаторите.

Фотографиите треба да содржат историски знаменитости, архитектура, инфраструктура, раздвижените населби, живописниот парк или живописните улични сцени, најзначајни настани, најзначајни личности, занаети, природни убавини или сакрални споменици. Од фотографиите кои ќе пристигнат, ќе се направи селекција за изложбата. Адреса за контакт: [email protected]. Рокот за доставување е 30.08.2024 година. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk