Повозрасен кумановец паднал од моторче и тешко се повредил

26.08.2019 09:59 | KumanovoNews

М.М.(70) од Куманово, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Повозрасен кумановец паднал од моторче и тешко се повредил

Несреќата се случила вчера во 12.30 часот на улица „Пириниска“ во Куманово.

Повредениот човек бил пренесен во Општата болница Куманово каде му е укажана  лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk