Повозрасна жена измамена за 800 евра

22.12.2022 12:39 | Сузана Николиќ

Жена од Крива Паланка, на возраст од 71-година, вчера пријавила дека е измамена за 800 евра од лице кое продавало наводно брендирани производи.
   

Повозрасна жена измамена за 800 евра

„Според пријавеното, лицето се претставило дека е претставник на компанија за брендирани производи за
домаќинство и се договориле за сумата да и продаде некои производи. Откако му ги дала парите лицето заминало, а оштетената забележала дека производите не се од компанијата и дека недостасува еден пакет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува СВР Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk