Повозрасна жена прегазена на локален пат, од повредите починала во болница

25.10.2024 15:24 | KumanovoNews

Една жена починала, а друга е повредена откако биле удрени од автомобил на локален пат во кумановското село Горно Којнаре.

Повозрасна жена прегазена на локален пат, од повредите починала во болница

Несреќата се случила  вчера во  16.25 часот,  кога патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од с.Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од с.Матејче, липковско. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала. Со телесни повреди се здобила С.П. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk