Повозрасно лице починало во пожар во Кокошиње

29.07.2024 21:46 | Оливера Пешевска

Повозрасно машко лице од селото Кокошиње починало, најверојатно од задушување со чад од пожарот кој попладнево го зафати селото, а неговата сопруга е успешно евакуирана.

Повозрасно лице починало во пожар во Кокошиње

Големи пожари поладнево избија во селата К’шање, Кокошиње и Мургаш на територијата на општина Куманово и во Малотино, Руѓинце и Коњух во Старо Нагоричане, информираше Центарот за управување со кризи.

Се работи претежно за села, со стари куќи и оспособени викенд- куќи, со малубројно, повозрасно население.

„Секоја година имаме сличен проблем на ветровито време, најверојатна причина е искрење од жиците на електродистрибутивната мрежа, која е прилично старо во руралните средини. Според наши информации дошло до искрење кое лесно ја потпалило сувата вегетација“, истакнаа од ТППЕ Куманово.

Во Кокошиње се интервенира со 4 возила, а неколку екипи од Куманово работат на пожарот во Руѓинце. Нивните колеги од станицата во Старо Нагоричане се на пожарот во Малотино.

Останатите жители се благовремено евакуирани, иако дел од нив се противеле на тоа. Изгорени се неколку куќи, но нема детални информации дали се работи за постојано населени објекти или викенд куќи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk