Во канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово може да се пријави повреда на избирачкото право

08.05.2024 09:52 | KumanovoNews

Денеска, за време на изборниот процес од 7 до 19 часот, граѓаните ќе можат да пријават повреда на гласачкото право во канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово.

Во канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово може да се пријави повреда на избирачкото право Фото: Мета.мк

 За таа намена ќе биде активна бесплатната телефонска линија 0800 54321, а активен ќе е и дежурниот телефон во подрачната канцеларија во Куманово (031) 431-488.

Повреда на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и директно во канцелариите во Куманово, кои се лоцирани на вториот кат во Пошта Куманово.

„Со цел заштита на избирачкото право на граѓаните канцеларијата на, Народниот правобранител ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните и остварување на нивното загарантирано избирачко право“, соопштува канцеларијата на Омбудсманот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk