Повреден мотоциклист, излетал од патот

12.06.2017 12:13 | KumanovoNews

Момче од Куманово се здобило со тешки повреди и пренесено е на Скопските клиники, откако  паднало од мотор.

Повреден мотоциклист, излетал од патот

Сообраќајната несреќа се случила во саботата околу 18.45 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај м.в. „Мездра“, кога Н.Ц. (22) од Куманово, управувајќи мотоцикл „Сузуки“, не ја прилагодил брзината на движење кон условите на патот и излетал надвор од коловозот.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била  извршена хируршка интервенција на главата и задржано е на понатамошно лекување.

Н.Ц. се наоѓа во стабилна здравствена состојба,  тврди неговото семејство, кое реагираше на информацијата на МВР дека повредениот е во животна опасност. 

 Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk