Повреден мотоциклист на крстосница кај Доброшане

17.10.2023 16:39 | KumanovoNews

Мотоциклист од Скопје е повреден во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Добрoшане.

Повреден мотоциклист на крстосница кај Доброшане

Несреќата се случила во 15.50 часот,  помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.М.(31) од с.Доброшане и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.(50) од Скопје. 

Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk