Повреден мотоциклист, по судир со автомобил

01.07.2020 09:15 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на ул.„Никола Тесла“ во Куманово.

Повреден мотоциклист, по судир со автомобил

Сообраќајката се случила вчера во 15.30 часот, помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(54) и мопед „априлија“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(19), и двајцата од Куманово.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk