Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е тешко повредено откако во него удрил автомобил, на улицата „Илинденска“, во центарот на Куманово.
Според МВР, несреќата се случила вчера во 11.30 часот на крстосницата од ул.„Илинденска“ и крак од ул.„Илинденска“ во Куманово, кога патничко возило „киа“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово, удрило во пешакот С.Д.(75) од Куманово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk