Повреден пешак на „Ленинова“

24.08.2022 14:29 | Сузана Николиќ

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на ул. „Ленинова“ во Куманово.

Повреден пешак на „Ленинова“

Сообраќајката се случила вчера околу 09.00 часот кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Куманово, удрило во И.А.(62) од Швајцарија, со престој во Куманово. 

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Куманово. 

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk