Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пешак е тешко повреден, откако во него удрил автомобил на ул. „Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Несреќата се случила вчера околу 12 часот.
„Патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(46) од Куманово, удрило во пешакот Ж.М.(74) од село Романовце, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од екипа од СВР Куманово.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk