Повреден пешак на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“

23.12.2023 12:47 | Сузана Николиќ

Повозрасен жител на липковското село Гошинце, синоќа бил повреден на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“ во Куманово.

Повреден пешак на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“

Сообраќајната несреќа се случила во 20.15 часот, кога патничко моторно возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски  ознаки, управувано од 36 -годишен жител на с.Черкези удрило во К.М. (77) од с.Гошинце, липковско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk