Повреден пешак на „Страшко Симонов“

07.12.2021 12:53 | Сузана Николиќ

Едно лице е тешко повредено откако во него удрил автомобил. 

Повреден пешак на „Страшко Симонов“

Во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Страшко Симонов“ во Куманово, вчера во 19.40 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.А.(36) од село Черкези удрило во пешак Ш.О.(41) од Куманово. 

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. 

Екипа на СВР Куманово извршила увид на лице место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk