Повреден пешак во Отља

25.10.2021 13:42 | Сузана Николиќ

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово-с.Никуштак.

Повреден пешак во Отља

Сообраќајката се случила синоќа во селото Отља, општина Липково, кога патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(52) од с.Ропаљце, општина Липково, удрило во пешакот Н.С.(63) од с.Отља.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk