Повреден пешак во сообраќајка

11.11.2021 14:42 | KumanovoNews

Пешак се здобил со тешки повреди откако бил удрен од патничко возило на  ул.„Никола Тесла“ во Куманово. 

Повреден пешак во сообраќајка

Сообраќајната незгода се случила вчера попладне, кога патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19) од Куманово, удрило во пешакот Д.Т.(43), исто така од Куманово. 


Во несреќата, Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk