Повреден работник во фабриката „Квалитет Пром“

08.06.2018 10:47 | KumanovoNews

Работникот Н.С.(20) од Куманово вчера  се повредил на работното место во фабриката „Квалитет Пром“ лоцирана на автопатот Скопје-Куманово.

Повреден работник во фабриката „Квалитет Пром“

Несреќата се случила околу 18 часот, по што работникот бил пренесен на хируршкото одделение во Општата болница Куманово.

Дежурниот лекар констатирал тешка повреда на раката, по што му била укажана медицинска помош.

Случајот во СВР Куманово го пријавиле од болницата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk