Повреден тракторист во превртен трактор

19.02.2019 09:36 | KumanovoNews

Едно лице е тешко повредено кога се превртел трактор во селото Тромеѓа.

Повреден тракторист во превртен трактор

Несреќата се случила вчера во 18.05 часот на место викано „Долно маало“ во близина на село Тромеѓа, на земјен пат, кога трактор „Универзал 445“, управуван од Б.П.(49) од село Тромеѓа се превртел.

Притоа со тешки телесни повреди се здобил Б.П., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Куманово. По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk