Повреден возач на мопед по судар со автомобил

04.06.2019 11:19 | KumanovoNews

 Едно лице е поврдено во сообраќајна несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Повреден возач на мопед по судар со автомобил

Несреќата се случила  во 10. 55 часот, помеѓу патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(39) од Куманово и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ј.Т.(57) од Куманово.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk