Повреден возач на мотокултиватор, излетал од коловоз и удрил во ѕид

17.07.2024 14:48 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа, откако вчера со мотокултиватор удрил во ѕид на објект. 

Повреден возач на мотокултиватор, излетал од коловоз и удрил во ѕид

„Во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, А.А.(26) од Куманово, управувајќи  мотокултиватор „ИМТ 509“ со кумановски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во ѕид од објект. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР. 

Полицијата извршила увид на лице место.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk