Повреден возач на мотор

21.07.2016 10:39 | KumanovoNews

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа  на крстосницата на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Видое Смилевски - Бато“ во Куманово.

Повреден возач на мотор

Сообраќајката се случила синоќа во 19.25 часот, помеѓу автомобил „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 29-годишниот Г.М., и мопед „апрлија“ со кумановски регистарски ознаки кој го управувал  М.Ј. (20). По несреќата, возачот на моторот М.Ј. е пренесен во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите, пренесен е во Ургентниот центар во Скопје.

СВР-Куманово ги испитува причините за несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk