Повреден возач по судир на воз и автомобил во Романовце

25.12.2021 20:22 | Сузана Николиќ

Едно лице е повредено во железничка незгода на преминот на железничката пруга во село Романовце.

Повреден возач по судир на воз и автомобил во Романовце

Несреќата се случила вчера околу 11.20 часот на патниот премин кај место викано „Превој“, помеѓу воз кој сообраќал на релација Табановце -Трубарево и патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од с.Алашевци. 

Во незгодата С.Ј. се здобил со повреди и е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk