Повреден возач при судир на два автомобили на влезот на Куманово

21.06.2022 13:55 | Сузана Николиќ

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на клучката од автопатот Граничен премин „Табановце“- Куманово, кај некогашниот ресторан „Милано“. 

Повреден возач при судир на два автомобили на влезот на Куманово

Сообраќајката се случила синоќа околу 23 часот, при судир на патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(22) од Куманово и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(27) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. констатирани во Општа болница Куманово. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk