Повреден возач, со „порше“ излетал од автопатот

11.03.2023 18:31 | Сузана Николиќ

На автопатот Куманово - Скопје во атар на с.Романовце, кумановско, синоќа околу 20 часот,  патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен скопјанец, излетало надвор од коловозот. 

Повреден возач, со „порше“ излетал од автопатот

По несреќата возачот бил пренесен во Ургентен центар - Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk