Повредена 19-годишна кумановка, со тешки повреди пренесена во болница

12.01.2021 11:59 | KumanovoNews

Деветнаесетгодишна девојка од Куманово, се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрило возило управувано од Д.С.(43) со кумановски регистарски ознаки.

Повредена 19-годишна кумановка, со тешки повреди пренесена во болница

Несреќата се случи вчера во 14.20 часот на крстосницата од улица „Кирил и Методиј“ и улица „Перо Чичо“, Д.С.(43) управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во М.Т.(19) од Куманово“, соопштуваат од МВР.

По незгодата М.Т. била пренесена во Општа болница Куманово каде и` биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk