Повредена 69-годишна жена откако ја удрил автомобил

11.12.2022 17:31 | Сузана Николиќ

 69-годишна жена е повредена во сообраќајна незгода синоќа на крстосницата од ул.100 и ул.101 во Куманово.

Повредена 69-годишна жена откако ја удрил автомобил

Незгодата се случила во 17.55 часот кога патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 48-годишен кумановец, удрило во Д.Т. (69) од Куманово. 

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои и биле констатирани од лекар во Општата болница Куманово. 

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk