Повредена девојка и мотоциклист, ноќеска две сообраќајки на „Октомвриска“

08.05.2023 08:20 | Сузана Николиќ

Две лица се поврeдени во две одделни сообраќајни несреќи кои се случиле ноќеска на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. 

Повредена девојка и мотоциклист, ноќеска две сообраќајки на „Октомвриска“

Според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК),  првата сообраќајка била предизвикана во 23.10 часот помеѓу автомобил и моторцикл. Повредениот мотоциклист е пренесен на хируршкото одделение во Куманово.

„Во вториот случај во 23.20 часот на ул. Октомвриска револуција, кај зелениот пазар, на пешачки премин е прегазено девојче од 17 години и истото е пренесено на хируршко оделение во Општа болница Куманово“, соопшти РЦУК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk