Повредена малолетничка, со мопед излетaла од патот

05.07.2023 12:47 | KumanovoNews

Малолетничка вчера е повредена во сообраќајна незгода на локалниот пат во селото Табановце. 

Повредена малолетничка, со мопед излетaла од патот

„Незгодата се случила вчера во 17.20 часот, кога со мопед „педа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од истото село, излетал надвор од коловозот.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово“, соопши МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  
        

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk