Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесет и двегодишна жена од Куманово е повредена, откако во неа удрил автомобил, кој го управувал возач од Липковско.
Несреќата се случила вчера во 09.30 часот во СВР Куманово на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.
„Патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(69) од село Ваксинце, општина Липково, удрило во С.Д.(62) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа“, соопшти СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk