Повредена жена со метална цевка од градилиштето пред Центарот за култура

11.03.2024 14:40 | Оливера Пешевска

 Жена се здобила со повреди на главата откако врз неа паднала метална цевка од заштитната ограда на градилиштето за реконструкција на малиот плоштад пред Центарот за култура во Куманово.

Повредена жена со метална цевка од градилиштето пред Центарот за култура

Несреќата се случи во 13.15 часот додека жената поминувала покрај градилиштето, а цевката била турната од силниот ветар. 
 
Случајни минувачи повикале брза помош и жената е пренесена во Ургентен центар Куманово. 

Вработените во Центарот за култура, велат дека го слушнале силен удар, а откако излегле надвор виделе како паѓаат цевките од заштитаната ограда. 

Од спротивната страна на градилиштето, на паркингот пред скопските дуќани има оштетено автомобил.

Местото го обезбедува полицијата, а се чека увидна екипа на СВР Куманово да изврши увид на местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk