Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жената која се здоби со удар во главата од метална цевка на малиот плоштад во Куманово, се наоѓа во добра општа сосотојба е пуштена на домашно лекување.
„По опсервација од неколку часа и завршени дијагностички инвестигации, радиолошка и компјутерска томографија, пациентот е упатен на домашно лекување во добра општа состојба и со редовен локален наод“, вели д-р Радомир Гелевски, хирург.
Несреќата се случи вчера околу пладне покрај градилиштето на малиот плоштад, кога поради силен ветер паднале неколку држачи на заштитната ограда. Еден од нив ја удрил жената која поминувала тука. На друиот крај на градилиштето бил оштетен еден автомобил.
„ На 11 март во 13.04 часот во СВР Куманово, кумановец пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Куманово му било оштетено патничкото моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки од паднат метален предмет. Исто така, во 13.30 часот во СВР Куманово. Било пријавено дека на истата улица паднал метален предмет и повредил едно лице“ соопштуваат од Кумановската полиција.
Од Општина Куманово велат дека одговорноста за заштита на градилиштето се на фирмата која ги извршува градежните работи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk