Повреденени мотоциклист и негов сопатник

23.09.2016 13:45 | KumanovoNews

 Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на крстосницата од улиците „11. Октомври“ и „Сава Ковачевиќ“ во Куманово.

Повреденени мотоциклист и негов сопатник

Сообраќајката се случила во 16.30 часот помеѓу автомобил „Форд Фокус“ со кумановски регистарски ознаки,  управувано од С.И. (28) од с.Матејче, и мопед „Јамаха Џок“ без регистарски ознаки, управувано од седумнаесетгодишник од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и седумнаесетгодишен сопатник. На истите им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, но поради сериозноста на повредите истите биле пренесени во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk