Повредени 10 градежни работници на градилиште во Куманово

30.10.2019 11:47 | KumanovoNews

Десетмина работници претпладнево се повредени на градилиште во Куманово.

Повредени 10 градежни работници на градилиште во Куманово

Двајца од нив се во критична состојба и пренесени се на лекување во Скопје, информираа од Кумановската болница.

„Кај нас се донесени повредени десетмина градежни работници. Двајца пациени се во критична состојба, едниот е донесен во бесознание, а другиот тука му слошило. Тие се префрлене и во Ургентниот центар на Скопските клиники.  На останатите пациенит им се прават иследувања, но сите се во стабилна состојба и задржани се во дневната болница“, - изјави директорката Снежана Захариева.

Се работи за млади луѓе на триесетина години.

Од СВР Куманово ја потврдија несреќата и се работи на утврдување на причините.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk