Повредени двајца Кумановци на автопатот Миладиновци – Штип

18.11.2021 12:03 | KumanovoNews

Две лица од Куманово се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Миладиновци-Штип, откако удриле во работна машина што била паркирана во близина на патот.

Повредени двајца Кумановци на автопатот Миладиновци – Штип

Според МВР, незгодата се случила вчера, во близина на населбата „Три чешми“, кога М.К.(52) од Куманово, кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина, паркирана надвор од коловозот.

Возачот  М.К. се здобил со тешки телесни повреди,  а неговиот сопатник Г.Ѓ.(54) од Куманово,  со телесни повреди.

Укажана им е медицинска помош во Клиничката болница Штип, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk