Повредени двајца малолетници во сообраќајна несреќа

09.12.2022 13:11 | KumanovoNews

Двајца малолетници се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа , која се случила вчера, во селото Доброшане, помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(28) од с.Доброшане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Романовце, кумановско.

Повредени двајца малолетници во сообраќајна несреќа

Малолетникот, кој го управувал мотоциклот  се здобил со тешки телесни повреди, а неговата, исто така, малолетна сопатничка  се здобила со  телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

На местото на настанот е извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk