Повредени двајца полицajци во сообраќајка на автопатот Скопје- Куманово

02.07.2024 17:37 | KumanovoNews

Двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера,  на автопатот Скопје-  Куманово, во близина на клучката „Илинден“.

Повредени двајца полицajци во сообраќајка на автопатот Скопје-  Куманово

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk