Повредени двајца возачи при судир на две корси на „Никола Тесла“

03.02.2020 10:30 | KumanovoNews

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа при судир на два автомобила на ул.„Никола Тесла“ во Куманово.

Повредени двајца возачи при судир на две корси на „Никола Тесла“

Сообраќајката се случила вчера во 9.30 часот, помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(83) од Куманово и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(37) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С., а со телесни повреди се здобил М.Ѓ., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.  

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk