Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се здобиле со тешки повреди во две одвоени сообраќајни незгоди, кои се случиле вчера во Куманово. Според информациите на Итната медицинска помош, пешаците се повредени на булеварот „Октомвриска револуција“ и ул. „Ѓорче Петров“.
„Прва интервенција е во 09.15 часот на сообраќајна незгода на ул „Октомвриска револуција“ помеѓу пешак и патничко моторно возило. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по укажаната лекарска помош веднаш е префрлен во Ургентен центар во Куманово на понатамошно лекување. Втора интервенција е во 14.30 часот на ул. „Ѓорче Петров“, исто помеѓу пешак и моторно возило. Пешакот се здобил со тешка телесна повреда ( фрактура на потколеница) и веднаш е префрлен ва Ургентен Центар Куманово на понатамошно лекување“, сопштува Регионалниот центар за управување на кризи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk