Повредени полицајци при судир на три автомобили на „Октомвриска“

05.08.2025 13:25 | KumanovoNews

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Повредени полицајци при судир на три автомобили на „Октомвриска“

Во 15:25 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. 

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот - двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk