Повредените девојчиња на 15 годишна возраст

02.06.2013 18:35 | KumanovoNews

  Теодора Ц.(15) и Ана С.(14) се двете девојчиња што попладнево беа прегазени на тротоарот во тешката сообраќајна несреќа што се случи на раскрсницата на булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„ во Куманово.

Повредените девојчиња на 15 годишна возраст

Теодора со сериозни повреди на телото и во животна опаснот е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Во СВР Куманово немаат повратна информација за нејзината здрвствена состојба. Второто повредено девојче е задржана на лекување во кумановската болница исто како и возачот на возилото што удрило во децата, кој е полициски службеник.

Несреќата се случила попладнево пред 17 часот, кога на раскрсницата, ВМВ удри автомобил кој стоел на семафорите и потоа излетал на тротоарот и ги прегазил децата.

Полициско-судски екипи извршиле увид на лице место, по што за утре најавија  повеќе информации за причините за несреќата.

(фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk