Повредените во експлозијата во Романовце сѐ уште во крајно тешка состојба

25.02.2020 13:36 | KumanovoNews

Здравствената состојба на тројцата повредени во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е крајно тешка, oсобено на двете жени кои се наоѓаат на интензивно лекување и нема никаква промена во однос на нејзино подобрување, тврдат лекарите.

Повредените во експлозијата во Романовце сѐ уште во крајно тешка состојба

„За жал, не можам да ви кажам никаква добра вест во моментов. Состојбата на мажот кој се наоѓа во Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохируршки болести е исто така непроменета. Тој е во тешка, но стабилна состојба. Сите тројца се на апарати за дишење. Во моментот се во кома, значи дека организмот реагира и се влошува“,  изјави денеска директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

Од Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ информираа дека и натаму во животозагрозувачка состојба е 31-годишната жена повредена во експлозијата на боца во Романовце, која има 80 проценти изгореници по телото.

„Состојбата е непроменета и е иста како и вчера. Во релативно стабилна состојба се десетгодишното дете и 28-годишната бремена жена. Се преземаат сите мерки за подобрување на здравствената состојба на повредените“, информираат од Клиниката.

Во експлозијата на боца во Романовце што се случи завчера животот го загубија четири лица, од кои три деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk