Повредено дете на рингишпил во Куманово

09.06.2022 12:10 | Сузана Николиќ

Дете се здобило со повреди додека се вртело на рингишпил во луна парк на ул.„Октомвриска револуција“ во Куманово.

Повредено дете на рингишпил во Куманово

Несреќата се случила завчера околу 19.30 часот, а случајот во полиција го пријавил таткото на повреденото дете истата вечер.

„Завчера околу 22.30 часот во СВР Куманово, Б.Д. (49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, велат од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk