Повторно бојкот на наставата во Куманово

09.04.2015 07:59 | KumanovoNews

Учениците од средните училишта во Куманово денеска повторно ја бојкотираат наставата, со барање да се укинат лошите реформи во образованието и да не се полага математика како задолжителен предмет на државна матура.

Повторно бојкот на наставата во Куманово

Учениците се на училиште, но нема да бидат на часови, туку во холот, ќе пуштаат музика, ќе играат карти, шах.  Ќе има целосен бојкот на наставата во прва и втора смена. Ќе бојкотираме се додека не не повикаат на разговор во Министерство за образование и наука. Револтирани сме што не игнорираат. Ние доставивме барања до МОН и сакаме преговори - велат од Средношколскиот пленум.

Од Средношколскиот пленум  најавуваат дека по Велигден повторно ќе ја бојкотираат наставата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk