Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уништени се дел од клупите и кантите за собирање на смет на кејот на реката Кумановка. Вандализмот е направен во текот на ноќта, а утринава било пријавени кај надлежните.
„И покрај нашите напори да се зачува урбаната опрема во градот, сепак неодговорни и несовесни граѓани вандалски се однесуваат и често ја уништуваат. Често се случува да бидат оштетени и откорнати корпите за ситен комунален отпад, како и скршени и откорнати клупи за седење, како што е случај оваа утро“, изјави директорот на ЈП “Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски.
Тој вели дека минатиот пат насилниците ги фрлиле клупити и кантичките во реката, а сега и покрај тоа што се бетонирани и фиксирани на плочките успеле ги извадат од лежиштата и да ги превртат и скршат.
„ Ние редовно ги сервисираме, меѓутоа тоа не дава разултаити и диструктивното однесување на граѓаните се повторува. Во изминатите неколку години неколку пати ја менувавме целосно урбаната опрема“, вели Стојчевски.
Граѓаните се гневни што насилниците не се откриваат и казнуваат, и бараат поголемо присиство на полицијата на јавните места, а општината да постави видео надзор за да се откријат сторителите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk