Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера попладне се запали и гореше сметот на депонијата на влезот на населбата „Перо Чичо“.
Густиот и црн чад можеше да се види од сите делови на градот. Пожарот го загади воздухот, особено на булеварот „Октомвриска револуција“.
Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, потврдија дека синоќа интервенирале на гаснење пожар на дивата депонија.
„Кај т.н. „Туш маркет“ во период од 16.10 до 18.45 часот интервениравме со 1 ПП возило и 3 пожарникари“, соопштуваат од ТППЕ.
Со зголемување на температурите почнува праксата на жителите кои ја создаваат дивата депонија и да ја палат, поради што граѓаните од околните населби имаат сериозен проблем со загадувањето.
Пожарникарите ноќеска гаснеле запалена сува трева и ѓубре и во селото Орашац во период од 22.30 до 23.55 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk