Повторно гореше зградата на Житомел

30.01.2019 11:02 | KumanovoNews

Вчера попладне повторно гореше поранешната административна зграда на фабриката за леб „Житомел“. Пожарот избувнал по 15 часот, по што интервенирала противпожарната единица.

Повторно гореше зградата на Житомел

„ТППЕ Куманово интервенираше со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 15.40  до 16.20 часот на ул. „Доне Божинов“ на запалено ѓубре„, - информираат од ТППЕК.

Според станарите од околните згради пожарот го предизвикуваат бездомници или корисници на наркотични средства, кои се кријат и палат огин да се грејат во напуштените и незаштитени простории на некогашниот гигант. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk