Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мнозинството во Советот на општина Куманово денеска повторно ја изгласа одлуката за ставање под хипотека на општинскиот имот и даде гаранција дека ЈП „Чистота и зеленило“ ќе го врати заостанатиот долг кон Управата за јавни приходи (УЈП), за да се одблокира сметката.
На денешната вонредна седница, советниците на опозицијата безуспешно се обидуваа да ги разубедат политичките опоненти дека ставањето под хипотека на комерцијалнио дел на затворениот безен, салата за парастоси и расадникот, е потенцијална опасност да се изгуби вреден општинскиот имот, бидејќи претпријатието нема финсиски капацитет да го отплаќа долгот од 60 милиони денари на 36 рати или околу 2 милиони месечно.
„Ние се сомневамне дека јавното претпријатие ќе биде во состојба да го исплаќа долгот. Сето ова ни личи дека градоначалникот, општинското раководство и мнозинството во советот, однапред свесно се откажуваат од овие објекти, кои се градени со средства на граѓаните на Куманово. Ова ни дава за право да мислиме дека по кратко време кога претпријатие нема да може да ги исплаќа ратите од договорот, овие објекти општината ќе ги изгуби. Ние како советничка група не можеме да преземе одговорност за вакво нешто и уште еднаш упатуваме апел до колгите советници да не го прифатат овој предлог, за да не влеземе во историјата како општински совет, кој во својот мандат нанел толкава штета на градот и граѓаните на Куманово, - рече во своето обраќање во советот Драган Петковски, координатор на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот Сашо Петрушевски, тврдеа дека хипотекарната гаранција е единственото решавање на финансиските проблеми на претпријатието и дека не прифаќањето на одлуката ќе доведе до колапс на претпријатието и еколошка катастрофа во градот.
„Ова е нешто што ние мораме да го направиме, бидејќи сме доведени во таква ситуација од разбирливи политички причини. Имам чувство на вина бидејќи ставаме под хипотека нешто што е многу значајно за градот. Ние сме дотерани до ѕид. Подобро да го спасиме здравјето на граѓаните, отколку за 10 дена да се затрупаме во 100 тони смет, состојба каква што имавме пред 10 години. Сервисирањето на долгот ќе биде многу тешка операција, но со заеднички сили и со репрограмирање на буџетските средства во наредниот период, се надевам дека ќе дојдеме до резултати. Проблем е што судот не ни дозволи да работиме со задолжителна резерва, во спротивно немаше да го гласаме овој предлог. Ќе водиме и судска постапка за докажување на вистината. „ - одговори градоначалникот Дамјановски.
Тој ги повика советниците од опозицијата да се надминат политичките разлики и да гласаат за одлуката во интерес на граѓаните, но тие бараа одговорност за целата состојба.
„Ако сте знаеле дека претпријатието има толкави финсиски проблеми, зошто дозволивте најдобриот објект во градот да го отстапиме на ова јавно претпријатие. Ние како советници, со ништо не сме ја предизвикале оваа состојба, а сега дојдовме во ситуација да одлучуваме дали треба да се стави под хипотека толкав имот. Кога ќе излеземе од оваа сала ќе треба да дадем отчет на граѓаните, зошто сме ја донеле одлуката, - рече советникот од ДПСМ Саша Николиќ.
Директорот Петрушевски објасни, дека УЈП веќе започнала да ги наплаќа побарувањата на должниците на ЈП „Чистота и зеленило“, поради што верува долгот ќе се намали, а со тоа и месечната рата за отплата.
ЈП „Чистота и зеленило“ има долг од 64 милиони денари кон УЈП, од кои 40 милиони се камати. Долгот е стар 17 години, по основ на ДДВ на 18 отсто фактурирани, а никогаш не наплатени пари. Надлежните тврдат дека на јавните претпријатија во другите градови каматата од ваквиот долг им била отпишана.
Советниците на коалицијата на СДСМ не се јавија за збор да го бранат или критикуваат предлогот , туку само гласаа за одлуката.
Одлуката за залога на општинскиот имот беше изгласана и минатат недела од мнозинството предводено од СДСМ , но поради усогласување на одредени законски прописи мораше да се поништи и повторно да се изгласа .
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk